fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Пеце Стојковски – Над 3000 земјоделци се јавија на јавните повици за инвестиции во земјоделството

Интересот е голем, пријавени се над 3000 земјоделци, но со оглед дека некои апликанти по навика го чекаат последниот ден, може да се очекува до 11 јули кога јавниот повик се затвора, да се пријават и други заинтересирани лица – изјави директорот на АПРЗ, Пеце Стојковски.

Агенцијата за поттикнување и поддршка во развојот на земјоделството (АПРЗ) регистрира голем интерес од страна на земјоделците во Пелагонија за користење на државна помош за инвестиции во земјоделството.

На два дена пред истекот на рокот за пријавување на неколку јавни повици за инвестиции во земјоделството , евидентирани се повеќе од 3.000 апликанти.

-Интересот е голем, пријавени се над 3000 земјоделци, но со оглед дека некои апликанти по навика го чекаат последниот ден, може да се очекува до 11 јули кога јавниот повик се затвора, да се пријават и други заинтересирани лица – изјави директорот на АПРЗ, Пеце Стојковски.

Повиците  се однесуваат на инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, за набавка на приклучна механизација, инвестиции во опрема за производство на храна од животинско и неживотинско потекло од мал обем и инвестиции во опрема за производство на вино, алкохолни пијалоци и пиво од мал обем, кои се во тек и еден повик за набавка на трактори кој заврши на 7 јули.

Во процесот на подготовка на документацијата, за условите, висината на финансиската помош и начинот за поднесување барања помагаат советници од Агенцијата за поддршка во развојот на земјоделството со седиште во Битола.

Како што е познато, финансиската поддршка се доделува во вид на неповратни грантови до 600.000 денари (10.000 евра), а право на аплицирање имаат земјоделски стопанства регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) кој се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close