fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Пензионерите може да очекуваат мало зголемување на пензиите од 1 јули

Министерството за труд и социјална политика сè уште нема објавено за колкав износ ќе бидат коригирани пензиите.

Според сегашната законска регулатива, пензиите се усогласуваат двапати годишно, на 1 јануари и на 1 јули, и усогласувањето зависи од инфлацијата, а Партијата на пензионери бара пензиите да го следат растот на платите

Јулските пензии треба да бидат коригирани согласно со Законот за пензиско и инвалидско осигурување, но Министерството за труд и социјална политика сè уште нема објавено за колкав износ ќе бидат коригирани пензиите. Партијата на пензионери не очекува некоја корекција што ќе ја подобри состојбата на пензионерите и бара да се смени начинот на усогласување на пензиите.

 

 

Според сегашната законска регулатива, пензиите се усогласуваат двапати годишно, на 1 јануари и на 1 јули, и усогласувањето зависи од инфлацијата. Претседателот на Партијата на пензионери Илија Николовски потенцира дека пензионерите се незадоволни, но вели дека очекува од Владата во која и оваа партија е коалициски партнер да имаат слух и да ја врати старата  методологијата на пресметка кога се земаше предвид и растот на просечната плата.https://www.slobodenpecat.mk/penzionerite-mozhe-da-ochekuvaat-malo-zgolemuvanje-na-penziite-od-1-juli/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close