Лозарите бараат откупна цена од 15 до 20 денари за килограм грозје

(Oвој напис е објавен на: August 6, 2019)

Се најавуваат откупни цени од по 11 денари за откупен килограм смедеревка и 13 денари за откупен килограм вранец. Ако на тоа се додадат и субвенциите по хектар од Владата тоа ќе значи дека за еден килограм предадено грозје смедеревка, производителот ќе добие вкупно 12 – 13 а за вранецот 14 – 15 денари.

Тиквешките лозари бараат откупната цена на грозјето да изнесува најмалку 15 до 20 денари за килограм колку што се нивните пресметки на трошоците за производство.

Ова барање денеска го соопшти Здружението „Напредни лозари” кое, како што соопшти, има информација дека винарниците планираат да понудат многу пониска цена од нивната.

– Се најавуваат откупни цени од по 11 денари за откупен килограм смедеревка и 13 денари за откупен килограм вранец. Ако на тоа се додадат и субвенциите по хектар од Владата тоа ќе значи дека за еден килограм предадено грозје смедеревка, производителот ќе добие вкупно 12 до 13 а за вранецот 14 до 15 денари. Само по себе се наметнува прашањето нормално ли е некој да произведува нешто за 15 до 20 денари и да го продава за 12 до 15?- прашуваат од  Здружението.


 

plusinfo.mk

Share Button