fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Пензионерите од денеска ги земаат пензиите покачени за 5,3 проценти

600-тини денари не се доволни ниту за еднаш во денот да се испазари, велат пензионерите кои денеска ги земаа покачените пензии за 5 %.

Оние со најниски пензии добија од 600 до 800 денари плус на своите сметки, околу 40 % од пензионерите живеат со примања од 12.500 до 16 илјади денари, објави Канал 5.

Нешто над 1 000 денари повисока пензија земаа оние со примања од 20 до 32 илјади денари. По 2,000 плус на сметка добија оние чии пензиии се движат од 30 до 50 илјади денари. Најголемо е покачувањето кај оние кои имаат пензија повисока од 54 илјади денари, зависно од висината на пензијата ќе земаат од 3 000 до 3,800 денари плус. Пензионерите незадоволни, бараат линеарно покачување.

„Линеарно…. Линеарно е подобро… отколку вака, затоа што, голема разлика се појавува, а пак со најниските пензии ништо не можат луѓето да купат…“

„Да им ги дадам, да им ги вратам. Нека јадат, нека пијат, нека уживаат…. Само за лекови ги даваме парите…. “

„Не е реално, апсолутно не е реално. И би требало лиенарно сите да земаат пензија… не е реално некој 600 некој 3 000 денари…. “

„Никако ништо, ни од држава, ни од никого не сум задоволен….“

„Ако не се зголемува за 78 % не важи никакво покачување….“

Усогласувањето на пензиите се прави 2 пати годишно. Еднаш во март и еднаш во септември. Лани во март пензиите се зголемија за 8,4 проценти, додека во септември за 5,3%. Оваа година, покрај мартовско, на есен ќе следи уште едно усогласување. А токму растот на пезниите и подобар живот стандард и за пензионерите се дел од предизобрните ветувања и на најголемите политички партии во земјава.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close