Перки од ајкули, тартуфи, пршути. Сѐ уште не е утврдена листата на луксузни производи кои ќе се продаваат со зголемен данок
Над 3.000 основни производи во моментов имаат повластена даночна стапка. Но меѓу нив и продукти како ги купуваат само граѓаните со подлабок џеб, како перки од ајкула, тартуфи, луксузни кашкавали, сирења, зачини, пршути, но и бадемово и кокосово млеко, спрецијални видови морски риби и некои тропски овошја.
Кои луксузни производи требаше да се продаваат со зголемен данок сѐ уште не се знае, бидејќи владата уште ја утврдува листата.
Драфт верзијата на прехранбените продукти, кои според власта, не може секој да си ги дозволи, наместо со 5 од овој месец беше најавено дека ќе се даночат со 10 отсто, објави Сител.
Над 3.000 основни производи во моментов имаат повластена даночна стапка. Но меѓу нив и продукти како ги купуваат само граѓаните со подлабок џеб, како перки од ајкула, тартуфи, луксузни кашкавали, сирења, зачини, пршути, но и бадемово и кокосово млеко, спрецијални видови морски риби и некои тропски овошја.
Исто така, власта по Нова Година најави намалување на ДДВ-то од 18 на 5% кај влошките за менструална хигиена. Но, поевтинување сѐ уште нема. Откако ќе се донесат, законските измени ќе треба да се изгласаат во Собранието, а потоа трговците во маркетите да си ги баждарат фискалните каси.