Следниот круг на одлука за тоа дали ќе се забрани глифосатот ќе биде во 2022 година.
Националните влади на државите членки и Европската комисија, процесот на авторизација на пестицидите во Европската унија би требало да го направат потранспарентен, да донесат одлуки на основ на независни студии, да ја зајакнат проценката на влијанието на пестицидите на околината и здравјето, како и повторно да го испитаат глифосатот на ризиците од настанување рак, порачуваат претставниците во Европскиот парламент, кои го доставиле извештајот на Специјалниот комитет на Унијата за одобрување на пестициди при Европскиот парламент (ПЕСТ).
Усвоениот извештај повикува на јавен пристап на целосна студија на агрохемиската индустрија, како би се овозможило навремено, независно испитување и запирање на конфликтот на интереси во постапката на одобрување на потенцијално штетните хемикалии. Специјалниот комитет воспоставен во март минатата година, требало да ја истражи постапката која довела до продолжување на дозволата за глифосат во Европската унија на уште пет години.
Специјалниот комитет не можел да ја реши контроверзноста околу канцерогеноста на глифосатот и поради тоа, побарал систематски преглед на сите релевантни студии. Следниот круг на одлука за тоа дали ќе се забрани глифосат за нашите полиња ќе биде во 2022 година.
Некои од барањата од усвоениот извештај на Европскиот парламент се:
- Строги критериуми за тестирање на влијанието врз животната средина и здравјето на активните материи кои се наоѓаат во пестицидите и самите пестициди,
- Строго тестирање не само на активните супстанци, туку и самите пестициди, како и мешавини и остатоци,
- Забрана на плагијат
- Силна примена на начелата на претпазливост, јасни мерки за намалување на ризикот
- Целосна транспарентност на сите студии
- Проценка без конфликт на интереси
- Подобро финансирање на ЕФСА за спроведување независни истражувања за пестицидите
- Заштита на јавноста и ранливите група со забрана за користење на пестициди во подрачјата како што се јавни паркови и градини, спортско – рекреативни подрачја, училишта и детски игралишта, како и непосредно во близина на здравствените установи
- Заштита на животната средина со забрана на употребата на пестициди за сушење пред жетва
- Поголема поддршка на независните истражувања на остатоците во површинските води, земјиштето и прашината, како и поддршка за целосна проценка на кумулативните ефекти на производите за заштита на растенијата.
Зелена берза