fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Нова инвестиција во ТИРЗ Кичево, компанијата ABEE ќе отвори 600 работни места

Нови 600 работни места ќе отвори компанијата „Avesta Battery and Energy Engineering“ (ABEE) која одлучи да инвестира околу 40 милиони евра во Македонија.

Нови 600 работни места ќе отвори компанијата „Avesta Battery and Energy Engineering“ (ABEE) која одлучи да инвестира околу 40 милиони евра во Македонија.

Компанијата, како што јави известувачот на МИА од Брисел, ќе произведува електрични батерии за автомобили и ќе гради фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона во Кичево.

Договорот денеска во Брисел ќе го потпише директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски во присуство на министерот за економија Крешник Бектеши.

Бектеши и Деспотовски се дел од делегацијата што во Брисел ја предводи претседателот на државата Стево Пендаровски, кој денеска заедно со нив ќе присуствува на бизнис форум во Антверпен каде пред белгиски компании ќе бидат претставени можностите за инвестирање во Северна Македонија. Покрај ова, утре во Брисел ќе се одржи уште еден бизнис форум.

Претседателот Пендаровски утре ќе се сретне и со премиерот на Белгија, Александер Де Кро, претседателката на Домот на претставниците на белгискиот Парламент, Елијан Тилие и со претсдателката на белгискиот Парламент, Стефани Д Ос. Пендаровски ќе има и аудиенција кај кралот Филип.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close