вести

Македонија на 61 место од истражување на 123 земји

Македонија е на 61 место од 123 земји во светот по тоа колку едно четиричлено семејство троши од просечната плата неделно за храна. Имено во земјава, за таа намена се трошат точно 20,78 проценти од заработката. Истражувањето го направиле од „Мувхаб“, специјализирана агенција и интернет-страница за селидба, а обработени се локални цени за исти намирници во секоја земја како на пример ориз, леб, овошје, зеленчук, месо и млечни производи.

21.05.hrana_

Според податоците на агенцијата, Македонија е на приближно исто ниво со Kуба и со Мексико, земји што се една позиција пред и по нас на листата. Имено, во Kуба за храна неделно се трошат 20,83 проценти од заработените пари, а во Мексико 19,32 проценти одат за храна. Подолу на листата се земји што стојат подобро или имаат стандард, па успеваат со помал процент од заработката да купат се што им е доволно за јадење. Од земјите од регионот подобро од нас стои Хрватска, која сепак е само неколку места подолу или на 65. позиција. Мувхаб пресметале дека во оваа европска земја за храна во неделата се трошат 18,53 проценти од заработката. Словенија е уште подолу, а Словенците за храна трошат по 14,5 проценти од платата. Најмала неделна кошница за храна има четиричлено семејство во Kатар, затоа што за тоа им е потребно само 2,62 проценти од платата. Макао е втора во светот по тој критериум и таму просечно семејство може да се прехрани издвојувајќи само 3,66 отсто од просечната плата. Во Kувајт за тоа е потребно 4,38 проценти од платата.

0,,15697786_303,00

Во однос на Македонија, поскапо се хранат Бугарите, кои за храна како семејство трошат по 22,12 процента од заработувачка. Во Босна и Херцеговина за неделна набавка на храна за четиричлено семејство се потребни 39,19 проценти од просечната плата, во Србија 31,36 проценти, а во Црна Гора 27,28 отсто од просекот.

Ако се анализира листата од земјава полошо стои и Албанија, каде што на семејство му требаат 37,61 процент од платата за прехрана.

makedonija na 61 mesto od istrazhuvanje na 123 zemji

 

Во Македонија единствено Сојузот на синдикати пресметува висина на потрошувачка кошница, но во кошницата влегуваат и исхраната и домувањето, козметиката, култура, облека и одржување на здравје. Според нивни податоци, во ноември на едно четиричлено семејство му биле потребни 32.279 денари од кои за храната 13.414 денари. Значи неделно за храна се трошат по 3.353 денари, што е 15 проценти од просечната плата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close