fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Пиперката „ајварка“ се продава како алва, одличен квалитет по цена од 60 денари

Пиперката ајварка замина за Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Словенија и во други европски држави

Според земјоделци од Пелагонија, годинава родот на црвената пиперка е квалитетен, но намален поради сушата и климатските промени. Побарувачката е голема и допрва ќе се интензивира за да се пласира на домашниот и на странскиот пазар.

– Моментално на пазарите нема некое големо количество пиперка за ајвар. Моменталната цена е 50 до 60 денари за килограм. Засега е добра цената. Сѐ уште интензивно не почнало да се бара пиперката. Допрва ќе почне приготвувањето на зимниците. Нема многу младина, затоа нема многу потрошувачка. Се бара пиперката „капија“ и за извоз. Инаку, годинава поради сушата нема многу големи количества и ќе се бара многу. А откупната цена се движи од 40 денари за прва и 30 денари за килограм втора класа црвена пиперка за ајвар, вели производителот од Пелагонија Васко Неделкоски.

Откупувачите извезуваат и во Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Словенија и во други европски држави. Производството е исплатливо, има иднина, но недостасува млада работна рака.

– Во споредба со лани, годинава е поголема побарувачката на пиперката. Се пробивме и на Балканот, овој фестивал многу помогна. И цената е повисока. Но, за жал, не може да речеме дека количествата се поголеми, зашто нема многу млади што се занимаваат со земјоделско производство. Производството има перспектива, но нема многу млади да работат, вели Стефан Благадушески, производител од Кривогаштани.

Викендов во Кривогаштани, по вторпат се одржа Фестивалот на пиперката на кој на 20-тина штандови беа претставени земјоделските производи, најмногу познатата пиперка за ајвар – црвената капија, како и гастрономски производи од пиперки и од зеленчук и овошје.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close