Пивото е вистинска течна храна
Многумина знаат за пивото да кажат дека тоа не е алкохол, туку храна. А тоа тврдење не е далеку од вистината.
Пивото е пенлив освежувачки пијалок со препознатлива арома и горчлив вкус. Содржи мала количина на етил-алкохол и е заситено со јаглерод диоксид. Тоа е добар емулгатор на храна, го буди апетитот, а неговиот екстракт лесно се апсорбира.
Пивото содржи витамин Б, многу важни минерали (Mg, Ca, K, Fe, Zn), а покрај јаглените хидрати содржи и протеини, флавоноиди и антиоксиданси.
Основните состојки на пивото се јачмен, вода, пивски квасец и хмељ. Секоја од овие состојки е важна за врстата на пиво, аромата, хемискиот состав и нутритивната вредност. Најчеста житарица која се користи во производството на пиво е јачменот, кој го одредува вкусот, бојата и густината на пивото, а покрај тоа му дава и низа корисни состојки.
Јачменот, заедно со квасецот и хмељот, технички создаваат еден комплетен оброк. Затоа, пивото има многу хранливи материи и може да се користи како краткотрајна замена на оброк.
Но, мора да се запамети дека пивото не смее да биде користено како изговор за вистинска храна. Во него треба да се ужива умерено, комбинирано со здрави и балансирани оброци.
Валентина Соколовска
за Зелена берза