fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Пивото ќе поскапи и ќе биде со сè полош квалитет?

Раст на цените на пивото на европскиот континент во наредните години поради падот на приносот на хмељ

Новото истражување покажа дека квалитетот на пивото се влошува и дека пивото во баровите ќе биде поскапо поради климатските промени.

Експертите сметаат дека може да се очекува раст на цените на пивото на европскиот континент во наредните години поради падот на приносот на хмељ. Напоменаа дека сушите директно ќе се одразат на квантитетот и квалитетот на хмељот. Тоа е состојка која на пивото му дава препознатлив вкус и мирис.

Истражувањето, кое беше објавено во научното списание Nature Communications, заклучи дека има пад на квалитетот и квантитетот на традиционалниот ароматичен хмељ низ цела Европа. Приносот на хмељ од 2021 до 2050 година би можел да биде помал за 12 до 35 проценти, во сите значајни европски области во Европа каде што се одгледува хмељ.

Намалувањето на производството на хмељ најмногу ќе се почувствува во Словенија, Португалија и Шпанија. Одредени делови на Европа произведуваат цитрусни, цветни и овошни вкусови кои се популарни во многу пива во Велика Британија.

Авторите на истражувањето заклучија дека земјоделците ќе мора да најдат начин да се прилагодат, а истовремено да го ограничат влијанието на топлината врз посевите.https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close