fbpx
Вести

ПЛАН ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА

kravi

За да се добие поголема количина на млеко и здраво теле по крава во текот на годината, потребно е да се направи план за потребите за обезбедување на доволна по квалитет и количина храна, за потребите на целото стадо на одгледувачите на крави.

Треба да се има предвид дека основната (кабастата) храна фармерите треба да ја обезбедат од сопствените површини, а доколку имаат доволно обработлива површина да обезбедат и концентрирана храна, како би се добил голем финансиски ефект.

Со други зборови фармерот треба да си ја обезбеди целокупната храна од сопствени површини за сопственото стадо, па дури по можност да обезбеди и резерви од храна.

За да се обезбедат потребите од хранителни материи дневно, месечно и годишно по крава, табеларно ќе ги претставиме потребите по месеци на лактација и пресушен период во зависност од просечната дневна млечност за крави од кои се очекува над 5.000 литри млеко годишно.

Потребно е и да се изврши компонирање на дажбата така да кравите кои се карактеризираатсо висока млечност бараат дажби со висока сварливост и добар квалитет.

Основниот дел на дажбата кој базира главно на кабасти крми ги покрива потребите во хранителни материи за одржување и за одредена количина на млеко. Врз база на ваквиот концепт, дневните потреби во хранителни материи кај кравите изнесува:

  1. Крмни хранливи единици во кгр.        9,00
  2. Сварливи протеини во гр.          900
  3. Калциум                               во гр.            50
  4. Фосфор                              во гр.            40
  5. Сол                              во гр.           40

Врз база на ваквите потреби во хранителни материи, а имајќи ги во предвид расположивите крмни растенија во наши услови, основниот дел на дневната дажба може да се компонира со следните крми:

  1. Зелена храна 40-70 кгр.
  2. Пченкина силажа 25-50 кгр.
  3. Луцеркино сено  3-10 кгр.
  4. Суви резанци 2-  5 кгр.
  5. Сол                               300-500 гр.

Композицијата на основната дажба се прави во зависност од количината на млеко по крава во лактационата фаза но и за пресушниот период.

Изнесениот модел не треба да се свати како статичен, тој во зависност од расположивите крми може да се менува.

На пример силажата може да биде заменета со сено и тоа во однос 3:1 односно за три килограми силажа се обезбедува еден килограм сено. Исто така и сувиот резанец може да биди заменет со пресен во однос 1:6.

Се препорачува сувите кабасти крми да учествуваат со 50% (сено), сочните со 20-30% (зелени, силажа) и концентратите 20-30% (смески). Но сите овие треба да се квалитетни и здрави (без мувла и други примеси).

Дополнителниот дел на дажбата главно базира на просечната дневна количина на млеко над 10 литри, и тоа на секој 2,5 литри млеко над оваа количина, се обезбедува со 1 кгр. концентрат. Составот и хранителната вредност на концентратот ќе биде следниот:

  1. Пченка  32,5%
  2. Јачмен 30,о%
  3. Пченични трици    10,0%
  4. Сончогледово ќуспе    25,0%
  5. Сол 1,0%
  6. Премикс  0,5%

 

 

Калкулативната крмна вредност би била:

– енергија во кгр.                1,1

– сварливи протеини %    15,0

– Са %                                 0,34

– Р   %                                  0,72

Во зависност од просечната дневна млечност потребите од смеска дневно, по месеци и годишно по грло ќе бидат различни.

За крава со годишна млечност над 5.000 литри потребите се следни:

месец на лактација днев.млеч.

кгр.

днев.конц.

кгр.

месеч.конц.

кгр.

I

20,7 4,8 143
II 22,8 5,6 168
III 20,1 4,5 135
IV 19,6 4,3 129
V 20,4 4,6 139
VI 16,7 3,1 93
VII 15,4 2,6 79
VIII 12,2 1,2 36
IX 9,7 0,3 8
X 9,5 0,2 5
XI пресушен 1,0 30
XII пресушен 1,0 30
вкупно годишно 995

Со ваква исхрана е можно добивање на планирана млечност по крава годишно.

Овде ќе ги истакнеме и потребите во крми годишно за крава со млечност над 5.000 литри.

Вид крма Крава над 5.000 литри годишно

во кгр.

1. Луцеркино сено                   1.200
2. Пченкина силажа                   4.000
3. Сув резанец                   1.000
4. Зелена маса                   5.500
5. Концентрат                   1.200

За да се добијат високи приноси по хектар од површините предвидени за производство на сточна храна, треба да се применат сите агротехнички мерки (орање, ѓубрење, заштита, семе, жетва, косење, складирање и др.). Покрај горенаведените агротехнички мерки потребно е да се знае и количината на семе по ха.

Количина на семе по ха.

Култура кгр/ха.
1. луцерка          25 кгр./ха.
2. еспарзета

–          излуштено семе

–          не излуштено семе

 

60 – 70 кгр./ха.

130-140 кгр/ха.

3. бела детелина          15  кгр./ха.
4. црвена детелина     20-25 кгр./ха.
5. вештачки ливади          50 кгр./ха.
6. пченкина силажа     25-30 кгр./ха.
7. пченка во зрно     15-20 кгр./ха.
8. сточен грашок 130-150 + 30 кгр. пченица
9. граорица     80-100 кгр./ха.
10. сточна репа           5-6 кгр./ха.
11. озимен јачмен          200 кгр./ха
12. пролетен јачмен   200-250 кгр./ха.

 

Ако навремено и квалитетно се преземат сите мерки, би се добиле следните количини на зелена маса и сено по култури:

Култура

Зелена маса

Сено

Луцерка 40.000-60.000 кгр./ха. 9.000-15.000 кгр./ха.
Еспарзета 30.000-60.000 кгр./ха. 7.500-15.000 кгр./ха
Бела детелина 30.000-35.000 кгр./ха. 8.000- 9.000 кгр./ха.
Вештачки ливади 30.000-40.000 кгр./ха. 6.000-10.000 кгр./ха.
Пченкина силажа 40.000-60.000 кгр./ха. /
Пченка за зрно / 8.000-15.000 кгр./ха.
Сточен грашок + пченица  

25.000-35.000 кгр./ха.

 

5.000-7.000 кгр./ха

Граорица 20.000-30.000 кгр./ха. 4.000-6.000 кгр./ха.
Сточна репа 50.000-70.000 кгр./ха. /
Озимен јачмен 35.000-45.000 кгр./ха. /
Пролетен јачмен 30.000-40.000 кгр./ха. /

За сместување на силажата потребна е изградба на сило ровови-тренчови, во зависност од годишните потреби. За оваа цел ќе го наведиме потребниот сило простор во м3 и количината на силажа по крава.

 

Пример:

Количина на силажа = број на грла х дневна количина на силажа по грло  х број на денови за исхрана.

  • Ако дневно по крава се дава 25 кгр.
  • Ако кравата се храни 200 дена
  • Во 1 м3 = 600 кгр. Силажа

 

Пример:

Количина на силажа за една крава = 1 х 25 х 200 = 5.000 кгр.

5.000 : 600 кгр./м3 = 8,33 м3 простор за силирање.

Што значи за една крава која дневно добива 25 кгр. силажа а се храни 200 дена, потребно е 8,33 м3 простор за силирање.

Да би се задоволиле потребите од сопствена храна по крава, приближната површина по крава би изнесувала 1 ха.

 

Петра Трајковски, советник за сточарство во АПРЗ

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close