fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Пласманот и понатаму останува рак рана за земјоделците

Речиси секоја производствена сезона несигурен пласман и ниски откупни цени. 

Пласманот и понатаму останува рак рана за земјоделците од земјава. Речиси секоја производствена сезона се соочуваат со несигурен пласман и ниски откупни цени.

Драги Памуков од струмичко Куклиш со помош на аргати го собираше родот од доматите од ова сезона. Повеќе од еден тон од последната берба. Вели дека прво ќе ги носи дома, а потоа ќе размислува во која откупна фирма ќе ги носи, оти цените секојдневно се менуваат, а ќе провери и рокот за исплата.

Пласманот не го мачи само Памуков. Тоа е најголемиот проблем и за останатите земјоделци од Струмичко. Велат дека ќе работат, ќе се мачат, но кога ќе треба да се предаде произведеното, неизвесност и страв дали прво ќе ги предадат и второ по која цена.

Од Рурална коалиција велат дека решение за сигурен пласман е изградба на современи откупно дистрибутивни центри. Од таму сметаат дека е потребно изградба и на преработувачки капацитети бидјеки земјава во првиот квартал годинава бележи скок на извозот на свеж зеленчук но и скок на увозот на конзервирани преработки.

Немањето договорено производство, а со тоа и пласман го намали бројот на младите по нивите, а негативно се одрази и врз површинтие кои се обработуваат.

Во отуство на официјални бројки, доброупатените тврдат дека една четвртина од струмичкото поле стои необработено. Ова го подига алармот дека треба да се подигне степенот на договорено производство и поголема контрола на откупот.https://www.24.mk/details/plasmanot-najgolem-problem-za-zemjodelcite-se-baraat-sovremeni-otkupni-centri

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close