fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаМлад земјоделецТоп вести

Платежната агенција го објави повикот-Помош на млади земјоделци

Висината на помошта е до 600 илјади денари или околу 10 илјади евра

Платежната агенција го објави повикот-Помош на млади земјоделци. Висината на помошта е до 600 илјади денари или околу 10 илјади евра.Повеќе инфо на следниот линк http://www.ipardpa.gov.mk/Root/mak/default_mak.asp

Средствата се наменети за инвестиции за набавка на нови основни средства, оперативни
трошоци поврзани со набавените средства и останати трошоци предвидени со Програмата за
финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година.
Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник за Мерка 112 изнесува 600.000,00
денари. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на
годишно ниво во најмногу три рати.
– Поддршката е условена со задолжително исполнување на предвидените активности
од Деловниот план за мерка 112.

IV. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА

Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk
Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу 2 барања по
различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка
на руралниот развој за 2021 година.
Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средства се утврдени со:
– Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година („Службен
весник на Р.С.Македонија“ бр. 12/21, 31/21, 53/21, 79/21, 92/21, 121/21 и 166/21)
– Закон за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр.49/10,
53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 88/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16,
163/16, 74/17 и 83/18)
– Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален
развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 124/11, 80/13, 35/16, 101/17, 162/18, 100/19,
215/19, 24/20 и 96/21) и
– Правилникот за поблиските дополнителни услови за поддршката од мерките за
рурален развој, прифатливите трошоци и висината на поддршката за прифатливите
трошоци по корисник за поединечна мерка. („Службен весник на Р.Македонија“ бр.
124/11, 80/13, 72/14, 35/16, 59/16, 178/18, 77/19 и 214/19)

Барателите на финансиска поддршка потребно е да креираат електронско барање за финансиска
поддршка со податоци за локација на инвестицијата, податоци за инвестицијата и електронски
да ги прикачат документите (понуда/профактура за предложената инвестиција и деловен план
изготвен согласно предвидениот образец „Деловен план за мерка 112“)
Барателите кои ги исполниле условите за користење на средства за мерките 112 се рангираат со
бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките
за рурален развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 96/21)
– Барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на
поднесување на електронското барањето на e-baranje.ipardpa.gov.mk
– Барателите не смеат да започнат со реализација на инвестицијата пред потпишување
на Договор за ко-финансирање со Агенцијата
– Барањата кои не се поднесени електронски на e-baranje.ipardpa.gov.mk нема да се
разгледуваат.

– Напомена: Барателот да не користел помош од мерките 112 Помош на млади
земјоделци за започнување со земјоделска дејност и 113 Поддршка за поттикнување
на земјоделското производство.

V. ПОДИГНУВАЊЕ НА ОБРАСЦИ И УПАТСТВА
Упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на барање
може да се превземе на почетната страна e-baranje.ipardpa.gov.mk. Упатството за корисници за
поединечна мерка може да се превземе по запошнување на креирање на барање за мерката.
Упатството за корисниците може да се подигне на веб страната на Агенцијата
www.ipardpa.gov.mk, или може да се подигнат и директно во Агенцијата секој работен ден од
08:30 до 16:00 часот на адреса:
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
бул. „ 3-та Македонска бригада“ бр.20
(зграда на Македонија Табак блок Ц ) 1000 Скопје

VI. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ

Електронски пополнетите барања за финансиска поддршка потребно е да се превземе, испринта
и потпише и заедно со целокупната пропратна документација да се достави до Агенција за
финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во затворен коверт на кој на
предната страна во горниот лев агол стои Барање за финансиска поддршка и Архивски број на
Барањето (0721-11216-ХХХХ/1). Барањето може да се достави по препорачана пошта или лично во
писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не превзема одговорност за ненавремено и
некомплетно пристигнување во писарницата или предвремено отворање на барањето.
Крајниот рок за доставување на барањата е 29.08.2021 година.

Барањата доставени по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил адреса:
ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и
на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.
Контакт:
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,
Сектор за одобрување на проекти.
Телефон 02 3097-460, секој работен ден од 08:30 до 16.00 часот
E-пошта: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk

 

Нема опис за фотографијата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close