fbpx
ВестиМеханизацијаТоп вести

Платформа за берење и режење на овошки

Најновите иновативни решенија од механизација што се користи во овоштарството веќе се достапни и за македонските овоштари.

Италијанскиот производител  Frumaco Europe   исфрли на пазарот несекојдневна, иновативна, самоодна платформа за берба на овошки, која би ја посакал секој овоштар.

Моделот Tecnofruit CF105 e компактна машина за меѓуредна берба во редови ↔️ од 3-4 метри и висина на дрвја ↕️ од максимум 3,6 метри.
Богатата стандардна опрема и многуте додатоци овозможуваат оваа машина да биде адаптирана на потребите на скоро секој модерен овоштар.


Опремена е со 3-цилиндричен дизел мотор со TIER4 нормативи и четири латерални платформи со 3 нивоа на берба, наменети за комфорна работа на дури 6 лица по највисоки ергономски стандарди. Оваа машина поседува и можност за многу додатна опрема, а на корисниците ќе овозможи брза, лесна, ефикасна и ефективна берба по највисоки стандарди и во поглед на ергономија и во поглед на транспорт и складирање на самиот плод.

Повеќе информации може да се добијат  на следниов линк:
👉http://frumacoeurope.eu/products/tecnofruit-cf105

Еве како практично изгледа во видеото на линкот:
👉https://www.youtube.com/watch?v=IT6FhQ3nZIU

Македонските овоштари може да ја најдат во продажните салони на Синпекс Битола.

Р.З.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close