По 100 евра за Нова година им вети Ковачевски на пензионерите ако победи на изборите
СДСМ ветува поголем извоз на земјоделски производи, просечна плата од 1.100 евра, додека пак минималната ја најави 600 евра до 2028.
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на Конгрес на СДСМ ветува поголем извоз на земјоделски производи, просечна плата од 1.100 евра, додека пак минималната ја најави 600 евра до 2028.
„Ќе задоволиме 100 проценти од потребите за електрична енергија од сопствено производство. Ова ветување нема да може никој да го спори. Ние сме тие кои историски направивме најголем прогрес во производството од домашни обновливи извори на енергија. До 2028 ќе имаме 20.000 денари минимална, а просечна пензија од 30.000 денари. , Плус од оваа година ќе има новогодишен пакет од 100 евра за пензионерите“, рече Ковачевски.
Како што вели еден од проектите ќе биде по 200 евра месечно за секое прво вработување на лица до 26 години во првите 12 месеци, а најави и дневен оброк за секој ученик од основно и средно чии родители немаат поголеми плати од просечните.