вестиТоп вести

По 13 пат „Локум фест“ во Битола

Синоќа во старата битолска чаршија по 13  пат се одржа  фестивалот „Локум фест 2019“. Фестивалот е  посветен на културата и традицијата и  е единствен од ваков вид во земјава. Фестивал  кој ги спојува ; традиционалната и модерната музика ( чалгија, етно- фјужн, world music, сефардска музика, креативните индустрии од регионот- Саем на ракотоворци, промовирање на живото културно наследство и развојот а културниот туризам.

 

 

Локум, музика, традиција, се’  на едно место. Битолската стара чаршија е местото  кое  живее фестивалски во 13 – тото издание на „Локум фест“ 2019.

Честа да го отвори оваа година му припадна на членовите на ансамблот „Македонија“ кое со своето дефиле од плоштадот „Магнолија“ го најавија фестивалот, а во старата чаршија изведоа програма која беше празник  за очи и уши.

 

-Во изминатите дванаесет години на „Локум фест“ настапиле преку шеесет анасамбли од дваесетина земји од регионот и светот. Ја продолжуваме традицијата, со реномирани имиња како: „Ансамбл Македонија, Thanos Stavridis & dRom Р.Грција, Вокални хорови од Р.Бугарија, Византиска силуета-Исланд, Бјонко & Балкан бит-Данска, „Перија“- Македонија, и светките уметници , перкусионистот Марко Боско од Бразил, Маки Хацхија-Токио, Јордан Костов -МК…вели организаторот Тоше Ивановски.

Локум фест-музика и традиција е единствен ваков фестивал во земјава , кој ги спојува : традиционалната и модерната музика ( чалгија, етно- фјужн, world music, сефардска музика, креативните индустрии од регионот- Саем на ракотворци, промовирање на живото културно наследство и развојот а културниот туризам.

 

 

„Ова е фестивал кој има еден единствен концепт што настана од идејата за кафето и локумот како средба меѓу комшиите, еснафот и различните култури. Во конзулска Битола битисуваа различни култури и обичај меѓу еснафлукот беше да се поздрават и да се напијат кафе со локум. Локум фест е синоним на средба и амалгам на културите. 13 години преку музика, изложби на ракотворци стари семејни предмети, фотографии, мебел ја промовираме нашата историја како традиција, како живо културно наследство зашто веруваме дека традицијата и минатото го определува човекот во иднината“, додава  Ивановски.

Оригинални цитати од Битолските фермани пишани во турско време, а преведени на Македонски јазик се дел од програмата на овогодишното издание на „Локум фест“.

 

 

Во Битола порано имало голем број на мајстори кои произведувале локуми, шеќери и други слатки производи кои за жал денес скоро и да ги нема. За фестивалот да биде комплетен и да потсетува на некогашните, но и денешни времиња  поврзани со кафето и локумот се погрижи фирмата Дониа од Прилеп.

– Локум фест за нас е добра можност за посетителите  да може да се запознаат со нашиот   локум, со одличен квалитет, како и со новитетите кои излегуваат на пазарот , рече за Зелена берза  Николина Талинџиоска Николоска – комерцијалист во Дониа. Дониа е бренд кој функционира во состав на Мак прогрес од Виница, под чија закрила работат повеќе македонски брендови. Присуството на Дониа на „Локум фест“ е само една традиција што живее, бидејќи рецептот по кој се изработува, е оној истиот  по кој го правеле нашите предци, со шеќер, вода и брашно. Природните ароми и други додатоци само го подобруваат вкусот, така што имаме  локум и за најпребирливите, додава Николина Талинџиоска Николоска.

 

Локумот води  турско потекло. Се смета за десерт и е застапен во многу обичаи, настани итн. И денес се служи како некогаш  со шолја кафе или чај, а е присутен  и на свадби и  помени. Многу се бара за време на постите бидејќи е посен производ. Како што објаснуваат од Дониа, локумот се изработува рачно , а го имаат со повеќе вкусови. За неговиот квалитет говори и неговата побарувачка. Го има скоро во сите маркети во државата, но го има и надвор од нашата земја, скоро на сите континенти ,  во сите поголеми маркети.

 

За традицијата и занаетите што некогаш во битолската стара чаршија ги имало во голем број  потсетуваат рално изработени производи од страна на здруженија и поединци.

„Локум фест“  е поддржан од Министерство за култура Министерство за Економија на Р.  Северна  Македонија,  Агенција за поддршка и промоција на туризмот , како и Општина Битола, во рамките на програмата на Бит фест 2019.

 

П.Јовановска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close