fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

По 30 години власта го „одврза ќесето“ ќе даде пари за изградба на пат до Луковица

Ова е историски момент за нас, велат мештаните од Луковица населено место во Општина Желино, кои повеќе од три децении талкаа и молеа по институциите да го добијат тоа што им следува, пат до местото каде што живеат.

Парите се обезбедени со распределба на средства од буџетот на Владата од 2022 година од потпрограмата 20 за Сообраќај и комуникации.Ќе бидат обезбедени 15 милиони денари за изградба на патот.

„Тие пари ќе бидат доволни за асфалтирање на 3 километри, а има 5 километри неасфалтиран пат, но како што ни ветија дополнително ќе се обезбедат пари, да се доосфалтира патот до самото село. Значи Владата нашла средства од буџетот за изградба на овој пат од 2022, да се префрлат наменски за село Луковица.И градоначалникот на Општина Желино имаше четири проекти за асфалтирање на патишта низ општината, но Луковица не му била приоритет, па сега Владата одлучи да одвои средства за патот. Над 30 години чекаме и бараме да се асфалтира патот, од место Крстец до село Луковица кое е единствено село кое во Македонија нема асфалтиран пат, а таму има три јавни објекти, цркви, ловот е доста развиен“, вели Ацо Спасеновски од месната заедница од село Луковица.

Инаку мештани од село Луковица, сами собраа и пари за проектна документација со геодетски елаборат за асфалтирање на пат до нивното село, но институциите наместо реализација на проектот со години, ја префрлаа одговорноста за неотпочнување на градежните активности.

Се работи за локален пат од место викано Крстец до село Луковица по кој сега мештаните се движат по кал, земја и камења.

Поради патот, голем број од мештаните се имаат исселено од ова населено место, а има и цели семејства кои ги напуштиле сточарските гранки, основани во самото село од кои со години егзистирале. Мештаните мака мачат до стигнат до селото. Трпат неколкуте фарми, производите не можат да ги пласираат, тешко е и да се посети лекар.

Сега со изградба на патот, жителите сметаат дека дел од исселените ќе се вратат, и сточарството повторно ќе заживее.

Селото е сместено во падините на Сува Гора, со недопредна природа и бујна вегетација погодна за развој на планинскиот туризам. Луковица велат тие, ги има сите предуслови за развој и на туризмот, само недостасува патот.

„Една голема благодарност до Владата, што се однесува за селото ќе има просперитет, сигурно ќе се градат нови куќи и викендици, ќе има доста народ, нема селото да биде запоставено. Порано имаше многу повеќе жители, се надеваа дека патот ќе се изгради, но разочарани луѓето започнаа да се исселуваат. Имаше и фарми, а сега ќе има мислам просперитет, има заинтересирани што сакаат да инвестираат, истакна Славе Момировски од месната заедница на село Луковица.

Луковица и натаму е единственото село во западна Македонија до каде може да се стигне по земјен пат, иако особено во летниот период во ова село, каде се градат и голем број викендички престојуваат и до 500 луѓе.https://www.slobodenpecat.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close