fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

По рекордниот октомври, 2023 сигурно ќе биде најтопла година во историјата

Експертите предвидуваат дека екстремните глобални температури веројатно ќе продолжат и во 2024 година.

Брисел – Најновите податоци на истражувачите покажуваат дека „практично сигурно“ 2023, годината кога се регистрирани смртоносни топлотни бранови, поплави и пожари, ќе биде најтопла во историјата, објави Би-би-си.

Прогнозата уследи по „исклучително“ високите октомвриски температури, а во текот на овој месец глобалните просечни температури на воздухот беа за 0,4 степени повисоки од претходниот максимум во октомври 2019 година, покажуваат податоците на службата за климатски промени на ЕУ „Коперник“.

Октомври беше петти последователен месец во кој се забележани рекордни температури. Јули беше толку топол што можеби беше најтоплиот месец во последните 120.000 години, додека просечната септемвриска температура го собори претходниот рекорд за „неверојатни“ 0,5 степени Целзиусови, според Коперник.

Оваа година сигурно ќе биде најжешката досега, бидејќи последните два месеци од 2023 година веројатно нема да го сменат трендот бидејќи високите температури ширум светот продолжија и во ноември.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close