fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Македонска компанија доби лиценца за извоз на сув цвет од канабис

НЈСК Холдинг

НЈСК Холдинг е првата македонска компанија која доби лиценца за извоз на сув цвет од канабис,како активна фармацевтска супстанција, наменет за Полска, која е дел од заедничкиот пазар на Европската Унија.

Ваквиот успех е резултат на пет-годишната макотрпна работа, како и интензивните вложувања во најсовремена опрема, специјализирано знаење и највисоки стандарди за ваков вид фармацевтско производството, со цел да се задоволат високите критериуми за квалитет кои се бараат на европскиот и светскиот пазар.

Значен удел во ова достигнување има и воспоставената комуникација и соработка со надлежните државни институции, како што се Министерството за здравство, Агенцијата за лекови и Владата, кои покажаа голема подготвеност за изнаоѓање соодветни решенија за сите предизвици со кои се соочуваме.

Со добивањето на лиценцата за извоз на пазарот на ЕУ, НЈСК Холдинг се профилира како водечка македонска компанија за производство на ваков вид фармацевтски производи, со чие успешно работење се создава поволна клима и дополнителни можности за развој и на останатите домашни компании и идните инвеститори во оваа индустрија.

НЈСК Холдинг е основана во август 2016година и е првата лиценцирана компанија за одгледување на медицински канабис во земјава и воедно таа е прва македонска компанија со европска лиценца за производство на фармацевтски производи на база наканабиноиди. Досега своите производи ги има регистрирано на пазарите во Полска и Германија, а преку партнерски и сестрински компании, и во Велика Британија, Бразил и Австралија.

НЈСК Холдинг е дел од меѓународната групација „Фармакан Интернешнал“која, покрај во Македонија, има свои производствени капацитети и во Холандија, Полска, Германија, Хрватска и Грција.Досега во развојот на производствениот капацитет во земјава се вложени над 20 милиони евра и се отворени 90 работни места за луѓе од различни професионални профили. Со добивањето на лиценцата за извоз во ЕУ се создаваат неопходните предуслови за реализација на дополнителни вложувања во вредност од 15 милиони евра и нови 150 вработувања, кои е планирано да се остварат во следните 12 месеци.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close