вестиТоп вести

ПЕ МЗШВ Битола започна со  издавање на евидентни листови за новата производна реколта на тутун

Во пресрет на новата работна сезона ПЕ на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство започна со издавање на евидентни листови за тутун. Како што  информираат оттаму издавањето на евидентните листови ќе трае  до  29 Март  2019 година. Со цел да м излезе во пресрет на сите производители на тутун  подрачната единица во Битола ќе работи во две смени започнувајќи од 07:30 до 20:30 часот.

Во измината година, 2018, беа произведени околу  3500 тони на тутун. Беа склучени околу  3000 договори со 9 откупни претрпијатија. Просечна цена по која беше откупен тутунот изнесуваше 215 денари.

„Со оглед на тоа што во изминатата година се одеше во најдобар ред, во однос на откупната цена и задоволните тутунопроизводители , оваа година очекуваме бројот на евидентни листови да е зголемен и да бидат посадени околу 2000 ха насад со тутун“,соопштуваат од ПЕ МЗШВ Битола.

Во текот на денешниот ден  се издадени околу 170 евидентни листови.

П.Ј.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close