fbpx
ВестиВино

Винариите „Повардарие” и „Гарланд агрофуд” ги изгубија лиценците за производители

Винариите „Повардарие” и „Гарланд агрофуд” се избришани од регистарот на производители на вино. Ова вчера го истакна директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Цветан Трипуновски, на работната средба кај министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков со лозарите.

vinariite povardarie i garland agrofud gi izgubija licencite za proizvoditeli

 

До вакво нешто дошло зашто винариите се уште им немаат платено на лозарите за грозјето од ланската реколта. За повторно добивање лиценца, освен што ќе треба да ги надмират обврските кон лозарите, обврзани се да платат и казна од 10 отсто од сумата која ја должат кон производителите на грозје.

Лозарите, како што информираа од Министерството, генерално искажале задоволство од минатогодишната сезона и од тоа што винариите во законски предвидениот рок им исплатија 93 отсто од предаденото грозје, со исклучок на „Повардарие” и „Гарланд агрофуд”. Воедно дадоа и неколку предлози за измени во Законот за вино.

Директорот Трипуновски информирал дека се преземаат сите законски мерки за отстранување на евентуалните проблеми при претстојниот откуп.

За следната недела се планира нов состанок на кој ќе бидат присутни двете страни, и лозарите и винарите. Ќе се направи обид да се постигне договор околу откупот и цената на грозјето од реколтата 2016.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close