fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

По секој пороен дожд нивите во Тетовско се под вода

Голем дел од земјоделската површина плива во вода по големите поројни дождови кои го зафатија Тетовскиот регион. Поплавени се ниви во атарот на неколки села од Општина Јегуновце со излевањето на реката Вардар, чиј водостој за само еден ден се искачи на дополнителни 116 сантиметри.

Голем дел од земјоделските површини пливаат во вода по големите поројни дождови кои го зафатија Тетовскиот регион. Поплавени се ниви во атарот на неколки села од Општина Јегуновце со излевањето на реката Вардар, чиј водостој за само еден ден се искачи на дополнителни 116 сантиметри.

Поплави има и во подножјето на Шар Планина, каде се излеаа речни сливови во тетовските села Мала Речица, Голема Речица и Порој.

Но, најголеми штети предизвикаа поплавите кои ги зафатија нивите долж патот Тетово – Фалише. Се работи за земјоделска површина од над десетина хектари.Нивите ги поплави водата од река Пена во долниот дел на градот, која подолг период не е исчистена од разновиден смет стеснувајќи го коритото на реката, па при секој пороен дожд водата се излева во блиските ниви.  

-Тука или нема вода воопшто или пак кога доаѓа поплавува се околу себе. И кога нема вода, но и кога се појавуваат поплави виновна е општинската власт, која не ги чисти каналите за наводнување, а сега не ја исчистиле реката Пена па премногу вода надојде. Штети имаме големи. Гледам дека по излевањето на реката општинските власти дојдоа да чистат со механизација, ама тоа треба претходно да се изработа. Не можам ни до шталата да отидам од надојдените води, вели еден земојделец од Тетово кој има ниви долж патот Тетово – Фалише.

Голема површина поплавена е и во атарите на селата Порој како и Мала Речица и Голема Речица. И таму има поплавена површина поради нерегулираните речни корита. 

Вечниот проблем со излевање на реката Вардар во Општина Јегуновце никако да се реши. 

И овие поројни дождови предизвикаа излевање на реката Вардар во неколку села во Општина Јегуновце. 

Решението е во регулација на речното корито, проект за кој сите досегашни власти ветуваа дека ќе се реализира, но на терен не се случуваа никакви градежни активности. Со најголеми проблеми се соочувале мештаните од село Раотинце, кои низ изминативе две децении претрпеле огромни штети во нивните домови и ниви. Од Општина Јегуновце, признаваат дека реализацијата на проектот за регулација на коритото на реката Вардар се одолговлекува. Но, се надева дека ако не оваа, наредната година ќе се започне со работите на терен, а приоритет за регулација ќе имаат најризичните места, како во атарот на село Раотинце и Копанце. Проектот предвидува регулација на коритото на река Вардар од Гостивар се до излезот на Општина Јегуновце.  Во изминативе две децении многу власти беа сменети и секоја од нив ветуваше дека ќе го регулира коритото на реката Вардар во Општина Јегуновце. Но проектите засега се реализираат само на хартија.  

Зоран Димовски за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close