fbpx
ВестиМакедонија

Интензивно се работи на расчистување на снегот од коловозите во Општина Новаци

Градоначалникот на oпштина Новаци, Љубе Кузманоски на терен е во постојана координација со дежурните екипи на ЈКП „Комунална Хигиена” - Новаци.

Екипи на јавното комунално претпријатие „Комунална Хигиена” – Новаци работат на расчистување на улиците и тротоарите од снегот, кој денеска интензивно паѓа во Пелагонискиот регион.
Градоначалникот на oпштина Новаци, Љубе Кузманоски на терен е во постојана координација со дежурните екипи на ЈКП „Комунална Хигиена” – Новаци.
Во текот на денот исчистени се патните правци до повеќе населени места, а се работи на расчистување и на останатите. Дежурните екипи ги расчистуваат улиците во сите населени места во општина Новаци во текот на ноќта.
Општина Новаци упатува апел до сите граѓани, согласно Законот за јавна чистота, да вршат расчистување на снегот пред своите објекти и да не го фрлаат на коловозните ленти со цел непречено одвивање на сообраќајот. Со намера расчистувањето да се одвива непречено,граѓаните треба да ги отстранат своите возила од јавни површини, тротоари и улици.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close