fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

По забраната за лов, диви свињи слободно шетаат во делчевските села

Дарко Златковски од Габрово, забележал дива свиња покрај патот кој води до селото.

По појавата на африканска свинска чума во Делчевско и мерката за забраната на лов, забележани се диви свињи како слободно шетаат во атарот на неколку делчевски села.

За последниот ваков случај информира Дарко Златковски од Габрово, кој забележал дива свиња покрај патот кој води до селото.

-Дивата свиња беше прилично мирна, не правеше штета, туку бараше храна покрај патот. Некои велат дошла од Вртиславци, некои дека е припитомена бидејки е одгледувана во домашни услови, вели Златковски.

Дека диви свињи често се одгледуваат во домашни услови, може да се потврди и од случајот од изминатото лето, кога дивото животно беше забележано во градскиот парк во Делчево, а потоа беше потврдено дека свињата избегала од кафез, во кој се чуваат и домашни свињи.

Одгчедувачите на свињи кај чии грла неодамна беше извршена депопулација се децидни дека Африканска свинска чума се појави токму од дивите свињи и затоа според нив требаше да се спроведе хајка на диви свињи, со цел да се намали влијанието на вирусот.https://sitel.com.mk/po-zabranata-za-lov-divi-svinji-slobodno-shetaat-vo-delchevskite-sela

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close