fbpx
ВестиТоп вести

По завршување на административната контрола ќе се пристапи кон исплата на субвенции за нови насади

Иако законскиот рок за исплата на субвенции,   до крајот на месец јуни , е пробиен, земјоделците реагираат дека субвенции за нови насади не им се исплатени. Надлежните уверуваат дека по звршувањето на контролата на терен ќе се пристапи кон исплата на субвенциите. Големиот број на апликации се причината  за доцнењето со исплатата велат од АФПЗРР.

„Кога ќе се изврши исплата на субвенции за одржување  на овошни култури, конкретно за орев за 2017 година? Уште ги чекам тие пари да си планирам за есенски активности и да ги платам работите што сум должен за оваа сезона. Агенцијата ми рече дека до крајот јуни месец имале обврска за исплата на истите, а ние на големо авгусат месец го ситниме“. Ова прашање  беше упатено до редакцијата на Зелена берза од страна на еден земјоделец.

Сакајќи да помогнеме се обративме до Агенцијата за финансиска подршка  на земјоделството и руралниот развој на Р Македонија. Оттаму не информираа дека во тек е административна контрола  на лице место на подигнати насади во 2017 година. Штом завршат сите потребни процедури Агенцијата ќе пристапи кон исплата на средствата.

Динамиката на исплата на субвенциите зависи од администрстивната обработка на примените 70 илјади барања за добивање на финансиска поддршка, која вклучува проверка на комплетност на барањата, соодветност согласно критериумите кои се пропишани во Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2018- та година. Фазата на комплетност во огромна мерка зависи и од брзината на реакцијата на земјоделците во делот на доставување на потребните документи кои се неопходни за процесот на отценување на соодветноста. По завршување на администрстивната проверка, следи и контролата на терен за утврдување на фактичката состојба на производните капацитети на терен, проверка преку која исто така мора да се усогласи со можноста на земјоделските производители да бидат присутни на лице место при вршењето на контролата со цел да им се овозможи да дадат забелешки доколку ги имаат, велат од агенцијата.

Проблеми и неправилности кои се јавуваат во праксата

Грешна трансакциона сметка е најчест проблем со кој се соочуваат во агенцијата. Исто така често се случува барателите да имаат неточни односно несовпаѓање на личните податоци со што се создава проблем со непрепознавање на корисниците во базата на податоци на АФПЗРР.

Вкупно досега исплатени се 6.023,079,865, 00 денари за субвенции 2017- 2018 година.

Исплатата е  вршена по сите мерки од програмата. За единаесет месеци, односно од промената на власта сите заостанати долгови, или вкупно 144 милиони евра се исплатени. Од нив по Програмата за земјоделство исплатени се нешто повеќе од 129 милиони евра, за Програмата Рурален развој вкупно 15 милиони евра и за Програмата рибарство и аквакултура околу 300 илјади евра. Исто така беа реализирани и дополнителните мерки во делот на производството на домат, бостан, грозје. Важно е да се потенцира и тоа што не само субвенциите, неисплатени беа и средствата за обесштетување на земјоделците на кои родот им настрада од временските непогоди. Само за обесштетување исплативме над 4 милиони евра, пари кои им се добредојдени на земјоделците, и колку – толку им ја ублажија финансиската загуба по временските непогоди, информираат до агенцијата.

Веќе е започната и реализацијата на Програмата за 2018 година, по која се исплати финансиската поддршка за производство на тутун во износ од околу 27 милиони евра, а тече и реализацијата на останатите мерки.

Приоритет на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и Руралниот развој се навременото исплаќање на средствата по сите Програми и Мерки, без разлика дали се кофинансисирани од Националниот или ЕУ буџетот.

Павлина Јовановска

Зелена берза

 

 

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close