fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Новина во ИПАРД 3: Апликантот ќе има можност да добие 30 до 50 отсто предфинансирање со самото склучување на договорот за проектот

ЕК ја препознава нашата посветеност за успешна искористеност на мерките од претходната ИПАРД програма. Буџетот за оваа ИПАРД 3 се очекува да биде за 60 отсто поголем од ИПАРД 2 – изјави во септември на прес конференција министерот за земјоделство, Љупчо Николовски и објасни во кои сектори ќе бидат искористени овие средства.

-Европската комисија, ја усвои новата ИПАРД 3 програма за Северна Македонија. Ова е нова Програма, со нови мерки кои значат нови инвестиции за модернизација на македонското земјоделство. ЕК ја препознава нашата посветеност за успешна искористеност на мерките од претходната ИПАРД програма. Буџетот за оваа ИПАРД 3 се очекува да биде за 60 отсто поголем од ИПАРД 2 – изјави во септември на прес конференција министерот за земјоделство, Љупчо Николовски и објасни во кои сектори ќе бидат искористени овие средства.

-И со ИПАРД 3 Програмата ќе продолжат мерките за инвестиции во примарното земјоделско производство (мерка 1), преработка на земјоделски производи (мерка 3) и развој на различни деловни активности (мерка 7) во рурални средини како инвестиции за производство на прехранбени производи, текстил, преработка на дрво, дестилари, изградба на хотели, градинки, домови за стари лица и друго. За оваа намена, веќе во првиот повик од ИПАРД 3, обезбедени се над 35 милиони евра за потенцијалните корисници на ИПАРД 3, кој очекувам да се објави во последниот квартал од годинава:

1.„Инвестиции во рурална јавна инфраструктура“ – мерка која беше дел од ИПАРД 2 но не беше акредитирана и која ќе биде од голема помош за локалната самоуправа. Конкретно, преку оваа мерка општините ќе можат да користат финансиска поддршка за изградба на инфраструктурни објекти, изградба на локална патна инфраструктура, системи за водоснабдување, канализациони системи и слично. Ова е особено важно за подобрување на животот во руралните средини но и генерално за руралниот развој.

Со мерката „Агро-екологија-клима и органско производство“, се озвозможуваат инвестици во агро-еколошки мерки како што е затревување на овошни насади и ротација на култури во градинарството и финансирање на органското земјоделско производството, односно конверзијата од конвенционално во органско производство. Со оваа мерка ќе се стимулира еколошкото земјоделско производство, во согласност со тековните насоки и трендови во ЕУ.

Во новата ИПАРД 3 има мерка и за Локалните акциски групи. Со мерката „Спроведување на стратегии за локален економски развој – ЛИДЕР пристап“ ќе се финансира работата на Локалните Акциски Групи (ЛАГ-ови) кои постојат во земјата, како и проекти од помал обем на ЛАГ-овите кои се дел од нивните стратегии за локален економски развој. Поддршката за функционирање на ЛАГ-вите е важна од аспект за развој на руралните средини.

За земјоделците е важно да знаат како да ги користат мерките од ИПАРД, за имаме уште поголема искористеност на европските фондови. Затоа во ИПАРД 3 има мерка за поддршка за „Советодавни услуги“. Со оваа мерка се овозможува финансиска поддршка за надградба и усовршување на советодавните услуги што ги нуди Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството, особено во делот на помош на земјоделците за пополнување на барањата за ИПАРД, како и следење на реализацијата на финансираните инвестиции, совети за воведување на нови иновативни технологии, агро-еколошко производство и слично – инормираше Николовски.

Тој додаде дека министерството, односно администрацијата воведе новитети се со цел да се олесни и забрза процесот на повлекување на парите од ИПАРД 3.

-Ги поедноставивме административните процедури, со што двојно се скрати времето за склучување на договорите, односно од 12 на 6 месеци. И успеавме да бидеме лидери во регионот по искористеност на ИПАРД. Досега се склучени 2270 договори со вкупна вредност на инвестиции од 70 милиони евра. Новина во ИПАРД 3 ќе биде предфинансирањето на инвестициите. Конкретно, секој еден корисник, кој ќе аплицира ќе има можност да добие 30 до 50 отсто предфинансирање со самото склучување на договорот за проектот. На пример ако инвестицијата е 100.000 евра, Платежната агенција на инвеститорот му враќа 60% односно 60.000 евра, со што корисникот ќе може авансно да земе 30.000 евра веднаш по потпишувањето на договорот, а пред да започне со инвестиција.

Исто така корисник на ИПАРД ќе може да се биде т.н. здружено-правно лице за колективни инвестиции во примарно производство или преработувачка индустрија, со што се отвора опцијата за мерките да конкурираат задруги, организација или група производители, правно лице формирано од повеќе индивидуални производители регистрирани во МЗШВ, како и правно лице формирано од здружение или асоцијација. Со новата ИПАРД 3 Програма, се планира да се зголеми и прагот на минимална инвестиција што досега беше на многу ниско ниво – посочи Николовски.

За повеќе информации и изготвување на апликации можете да се обратите на info@agrotim.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close