fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Почна исплатата на февруарските пензии

-за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.02.2023 година (понеделник); -За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.02.2023 година (вторник); – За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.03.2023 година (среда) и – и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.03.2023 година (четврток).

Од денеска започнува етапната исплата на пензиите за месец февруари, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Како што се наведува во соопштението, подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

-за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.02.2023 година (понеделник);

-За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.02.2023 година (вторник);

– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.03.2023 година (среда) и

– и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.03.2023 година (четврток).

– Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од денеска. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања – наведуваат од МТСП.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close