fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Почнува изборот на новата влада во собранието

Согласно собранискиот Деловник, седницата за избор на влада трае најмногу два дена.

Изборот на новата Влада почнува денеска, на собраниската седница закажана за 11 часот. Мандатарот, пратеник и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на 18 јуни го поднесе предлог-составот и програмата за работа на владата. Новата влада ќе има 24 члена, од кои 15 се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ.

Покрај премиерот, ќе има вкупно 23 министри, од кои 20 со ресор. Владата ќе има 5 вицепремиери: Изет Меџити, лидер на Демократското движење, ќе биде прв вицепремиер и министер за екологија. Вицепремиер и министер за транспорт и врски ќе биде актуелниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Министер за добро владеење и вицепремиер од Алијанса за Албанците е Арбен Фетаи. Љупчо Димовски од Социјалистичка партија ќе биде вицепремиер и министер за политички систем. Вицепремиер за односи меѓу заедниците ќе биде Иван Стоилковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close