fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Почнува кампањата за заштита на шумите од пожари

Кампањата, традиционално, ја организира Противпожарниот сојуз на Македонија (ПСМ) во соработка со Градскиот противпожарен Сојуз на Скопје (ГППС) и Општинските противпожарни сојузи на Град Скопје (ОППС).

Со јавен настан на плоштадот „Македонија“ во Скопје, денеска почнува јавната кампања за подигнување на свеста кај граѓаните за заштита на шумите од пожари во летниот период.

Кампањата, традиционално, ја организира Противпожарниот сојуз на Македонија (ПСМ) во соработка со Градскиот противпожарен Сојуз на Скопје (ГППС) и Општинските противпожарни сојузи на Град Скопје (ОППС).

За време на настанот, активисти и доброволни пожарникари ќе им делат флаери на минувачите низ централното градско подрачје, со информативна содржина – како се врши превенција и заштита од пожари на шумите.

Во организација на настанот се вклучени Дирекцијата за заштита и спасување, Јавното претпријатие „Македонски Шуми“, како и други општествени и јавни установи. мч/лв/фото: МИА архива  .

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close