Вести
Почна исплатата на субвенциите, 25 милиони евра за тутунарите
Во министерството за финансии денеска се испратени налозите за вкупно 25 милиони евра, пари со кои ќе бидат исплатени субвенциите за тутунот.
Како што соопшти министерот за земјоделство Љупчо Николовски, земјоделците денеска и утре ќе може да си ги подигнат парите од банките. Николовски не прецизираше дали буџетот за субвенции го наследил полн од претходната власт или пак парите за субвенции се црпат од други извори.