Почнува акција за донирање на храна „Нахрани 1.000“

(Oвој напис е објавен на: October 17, 2017)

На поставените штандови ќе може да се донира храна што ќе биде наменета за бездомниците и за сите загрозените семејства.

На пет локации во Скопје почнува акција за донирање на храна „Нахрани 1.000“ по повод 17-ти октомври, Светскиот ден за борба против сиромаштијата.

На поставените штандови ќе може да се донира храна што ќе биде наменета за бездомниците и за сите загрозените семејства.

Целта на акцијата е да се поттикне солидарноста и да се подигне јавната свест за донирање храна на оние на коишто таа им е најпотребна, а како организатори се јавуваат неколку невладини организации и граѓански иницијативи.

Share Button