fbpx
ВестиВино

За лозарството субвенции од 75 милиони евра

Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, најави дека се разгледува можноста за скратување на рокот во кој винарските визби мора да го исплатат грозјето. Рече, дека од 2008-та година, досега за субвенции за поддршка на лозарството се исплатени 75 милиони евра.

za lozarstvoto subvencii od 75 milioni evra

 

„Од 2008 година, до денес, вкупно 4 милијарди и 600 милиони денари, или околу 75 милиони евра се исплатени за субвенции за македонските лозари. Можам да ви кажам за во иднина, како и досега дека ќе бидеме и ќе останеме со вас, и кога е добро и кога е лесно, кога е убаво, но и кога е тешко, кога имате мака“, изјави Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии.

Tој истакна дека традицијата за производство на грозје и вино во Тиквешијата и во Македонија е вековна и оти уште од дамнина е забележано дека во Македонија и Тиквешијата се создаваат чудесно моќни вина со мириси на југот.

– Секој којшто дошол кај нас и пиел од нашето вино рекол дека е најдоброто и највкусното вино кое некогаш го пробал. Вие и вашиот труд сте заслужни за тоа и знаете дека ја имате и секогаш ќе ја имате нашата поддршка и преку субвенции и преку промоција на виното, нагласи Ставрески.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close