Ќе се субвенционираат и кредитите од ИПАРД. Од наредната година државата ќе покрие половина од каматната стапка која не може да биде поголема од 8% и за вредност на кредити не поголеми од половина милион евра. Ова треба да биде значаен поттик за земјоделците повеќе да конкурираат и да ги користат европските фондови.
– Субвенционирање на каматата доколку за било која инвестиција што е во земјоделието од било која банка 50% од каматата ја субвенционираме ние како министерство, со тоа што каматата не треба да биде поголема од 8%, и проектот да не биде поголем од 500 илјади евра. – изјави, министер за земјоделство, Михаил Цветков.
Со ова земјоделците полесно ќе можат да земат кредит од сите банки низ земјава, информираше министерот за земјоделие, Цветков.
На располагање на земјоделците се и средствата од гарантниот фонд кој функционира на принципот 50:50. Преку него државата обезбедува гаранција за 50% од главницата на кредитот.