fbpx
ВестиТоп вести

Руралноста станува вредност

Асоцијацијата за рурален развој  ЛАГ Агро Лидер Македонија  заедно со партнерската  органзиација Агри Нет од Албанија во Царев Двор ресенско  гоп организираа настанот  „Руралноста станува вредност“.  Станува збор за проект од луѓето за луѓето  во рамки на програмата  на SWG.

„Иницијативата е на ЛАГ Агро Лидер  со цел отворање на можности  за соработка  со други организации слични на нашата , овој пат конкретно од Албанија, за искористување на фондовите  за прекугранична соработка . Целта е заедно да ги идентификуваме  клучните приоритети  на нашиот регион, а воедно и да најдеме заеднички решенија како да направиме  подобро место  за живеење во руралните  заедници во регионот“, изјави за Зелена берза Марина Тошеска од ЛАГ Агролидер.

Денешниот настан е можност не само за вмрежување на партнерски организации туку и одење чекор понапред и реализација  на заеднички проекти за решавање на постоечките проблеми. Анализите покажуваат дека луѓето во регионот се соочуваат со скоро исти проблеми, меѓу кои и миграцијата на младите од руралните средини така што со организирање на вакви и слични настани може да се бара заедничко решвање на истите.

На денешниот настан присуствуваа и претставници од БиХ со што се овозможи вмрежување на партнерски оргтанизации  во земјите од Западен Балкан. Организаторот на настанот изрази надеж дека преку бројните активности што се планира да бидат организирани во идниот период ќе може да се направат промени  во руралниот развој во нашата држава.

Проектот „Руралноста станува вредност“ е поддржана од Регионалната канцеларија  за рурален развој на Западен Балкан, а денеска беше присутен инејзиниот преседател Александар Дамјановиќ. Како што рече, тој прв пат е во Ресен и изрази  надеж дека денешната средба е одлична за меѓусебно друижење и размена на искуства.

„Драго ми е што можеме да поддржиме ваков настан, слични иницијативи поддржуваме и во други земји од Балканот , затоа што со ова може да се направи само добро и да се постигнат одлични резултати“, изјави за Зелена берза Дамјановиќ.

„Ние сме тука со група фармери  и земјоделци од мрежата Агри Нет од Корча Албанија. Тука сме на покана на членовите наЛАГ Агро Лидер со цел да се запознаеме , да споделиме искуства и понатаму да разгледаме  идеи и можности за решавање на проблеми  преку заедничко аплицирање на проекти, кои  заеднички ќе ги реализираме“ , изјави томи Томи Пикули од Агри Нет Корча.

Присутните гости во рамки на престојот во Македонија  имаат можност да посетат културно историки места во Преспа, а ќе ја посетат и манифестацијата Преспански јаболкобер.

Павлина Јовановска

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close