fbpx
Без категорија

ПОДГОТОВКИ ВО ПЛАСТЕНИЦИTE ПРЕД РАСАДУВАЊЕ НА РАНОГРАДИНАРСКИTE КУЛТУРИ

podgotovki vo plastenicite pred rasaduvanje na ranogradinarskite kulturi

Во раноградинарското пластеничко производство паралелно со производството на расад, треба да течат и подготовките во пластеникот. Подготовките се збир од повеке агротехнички, механички, физички, биолошки и хемиски мерки. Склопот од овие програмирани и комбинирани мерки се дел од Интегралното управување во земјоделското стопанство, и основа на интегралната заштита на растенијата, која претставува стратегија за сузбивање на штетни инсекти, болести и плевели. Добрите услови за развој на растенијата во пластеникот се погодни и за развојот на плевелите, болестите и штетниците. Заради тоа и борбата со нив, бара дополнителни превентивни мерки, кои се превземаат пред и во текот на одгледувањето на растенијата. Целта е да се обезбедат оптимални услови за развој на растенијата, а неповолни услови за појава и развој на болести, штетници и плевели и да се намали користењето на пестициди. Дезинфекција на пластеникот и конструкцијата. Основната подготовка започнува веднаш по прибирањето на претходната култура во пластеникот. Најдобро е да се изврши пред корнењето на растенијата, со палење на 5-10 кг/декар елементарен сулфур. Пластеникот се држи затворен неколку дена. Треба да се внимава да не дојде до покачување на повисока температура од 50 С 0 во пластеникот, заради можни оштетувања на системот за наводнување, или друга пластична опрема. Дури потоа се прибираат сите растителни остатоци, се спалуваат или се закопуваат во земјата надвор од пластеникот. Во пракса, производителите не обрнувајки внимание на оваа операција, честопати и без да направат дезинфекција, ги оставаат овие растителни остатоци покрај пластеникот, што претставуваат потенцијал за зараза на идната култура. Со отстранување и спалување на растителните остатоци после бербата, се спречува можноста за понатамошен развој и ширење на голем број болести и штетници. Поради тоа треба да се очистат и плевелите во непосредна близина на пластеникот по механички или хемиски пат со хербициди. Потоа се преминува на обработка на почвата преку орање и фрезирање се до постигнување на квалитетна структура. Дезинфекцијата на конструкцијата (столбови и метални профили) може да се изврши и рано напролет, непосредно пред покривањето на пластеникот. Истата се врши со прскање, со комбинација од препарати на база на бакар, сулфур и инсектицид (кој испарува) со дупла концентрација. Дезинфекција на почвата. Најефикасни методи на дезинфекција се: термичко запарување на почвата и хемиска дезинфекција. Овие методи се поскапи и затоа таму каде што нема организирано есенско производство во пластеникот, се препорачуваме термичката дезинфекција (соларизација), при која што се користи сончевата енергија и треба да се изведе во најтоплите месеци од годината. До колку не е извршена дезинфекција по горенаведените методи, пред фрезирањето на површината се врши дезинфекција со нанесување на фунгициди, земјишни инсектициди и нематоциди. Земјишните фунгициди, некои инсектициди и некои нематоциди се користат за сува дезинфекција со нивна инкорпорација со фрезирање. Од фунгицидите за сува дезинфекција, може да се користи гранулиран син камен, Каптан, Фолпет и др. а од нематоцидите Нематорин и др. Некои од фунгицидите се користат и со т.н. влажна дезинфекција, со поливање со раствор во текот на вегетацијата, како што се раствор од Каптан, Фолпет, Арметил и др. Освен почвата треба да се дезинфцира приборот и алатот, со потопување во дезинфекционен раствор (5% раствор од син камен)

Хемиска анализа на почвата и основно губрење: Треба да се направи хемиска анализа на почвата и врз основа на резултатите да се подготват препораки за губрење. Како основно губрење се користи прегорено арско губре 50-60 тони/ха и 500-1000 кг/ха минерално НПК губриво, во зависност од препораките.

Тагови

Слични написи

Еден коментар

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Close