Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Подгответе се за невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²) и грмежи.
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, пообилен во западните и југозападните делови (над 20 l/m²), грмежи и засилен северозападен ветер.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Утре, во петок и за време на викендот ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи и засилен ветер (над 70 km/h), локално во форма на невреме. Во среда и во следните денови ќе дува засилен северен ветер (над 50 km/h).




