вести

Со 170 илјади евра од ИПА програмата Гевгелија ќе добие нов простор за одмор и рекреација

gevgelija

Гевгелија ќе добие нов и модерен простор за одмор и рекреација. Со средства од Европската унија старото излетничко место познато како Динќут целосно ќе се уреди  со нови содржини. Уредувањето на просторот е дел од проектот ,, Афирмација на природните и културните вредности во пограничниот регион  за подобра видливост и пристап,, кој се реализра како дел од програмата за прекугранична соработка со Бугарија. Проектот предвидува излетничкото место  Динќут да добие голем број содржини за забава, спорт и рекреација за сите возрасти меѓу кои се трим  патека,вештачка карпа за искачување,  места за одмор со неколку летниковци, повеќе детски игралишта.

-Ќе се направи летно кино со подвижно платно кое што ќе се поставува во времето кога ќе се проектираат филмови. Потоа ќе биде изградено игралиште за мал фудбал каде што младите ќе може да рекреираат. Исто така за најмладите гевгеличани ќе биде изградено уште едно игралиште каде што ќе ги има оние справи кои што служат за рекреација на помладите како што се вртелешки, лизгалки, лулашки, вели Љупчо Алексовски – општина Гевгелија

За реализацијата на проектот од страна на ИПА  програмата општина Гевгелија има добиено околу 170 000 евра. Сличен ваков проект ќе биде реализиран и во Банско во Република Бугарија од страна на тамошниот партнер, агенцијата за економски развој.


 

сител.тв

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close