fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

Подгответе се за „новата реалност“: Летото ќе трае пет и пол месеци?

Забележавме продолжување на топлиот дел од годината и ова ќе продолжи, доколку нешто не преземеме. Очекуваме дека за 20 или 30 години летото ќе трае уште подолго. Според некои проекции, бројот на денови од топлиот дел од годината ќе се продолжи за триесет дена на копно, а за седумдесет дена на море“, предупреди Мазоко Дрвар.

Директорот на Дирекцијата за климатски активности на хрватското Министерство за економија оцени дека посвежите периоди се продолжуваат до јуни, а потоплите до декември.

„Во однос на просечните температури, пролетта не отстапуваше од изминатите 30 години, а беше екстремно врнежлива, па луѓето ја доживуваа како посвежо време. Овој јуни првите 30 степени дојдоа релативно доцна. Ова се случи само три пати во последните 30 години“, изјави Дуња Мазоко Дрвар.

„Забележавме продолжување на топлиот дел од годината и ова ќе продолжи, доколку нешто не преземеме. Очекуваме дека за 20 или 30 години летото ќе трае уште подолго. Според некои проекции, бројот на денови од топлиот дел од годината ќе се продолжи за триесет дена на копно, а за седумдесет дена на море“, предупреди Мазоко Дрвар.

На прашањето дали е доцна да се промени нешто, тaa посочува дека работите не се црно-бели, туку дека никогаш не е доцна и што и да почнеме да правиме, побрзо и посилно, ќе ја ублажиме ситуацијата и ќе се вратиме во попогодни услови.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close