fbpx
Вести

Подготвителен период за земјоделците и претпријатијата да се припремат за аплицирање за средства по ИПАРД 2 програмата

Владата на Република Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известуваат сите заинтересирани правни и физички лица дека во првата половина на месец ноември 2018 година ќе се објави Јавен повик за доставување на барања за користење на финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма за периодот 2014-2020 година).

Целта на ИПАРД Програмата 2014-2020 е преку содветни мерки за поддршка на земјоделството и руралниот развој да се подобри конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехранбениот сектор, преку нивно усогласување со стандардите на Европската унија и постигнување на одржлива животна средина и социо-економски развој на руралните средини преку поттикнување на економската активност и зголемување на можностите за вработување.

Финансиските средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 во врска со спроведување на овој Јавен повик од ноември 2018 година се наменети за следните мерки:
– Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства,
– Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи

Претстојниот јавен повик на ИПАРД Програмата овозможува зголемени можности по однос на типот на инвестиции, поголем обем на потенцијални корисници, можност за набавка на различна земјоделска механизација, како и зголемени финансиски лимити за крајните корисници на финансиската поддршка.

Правилата за користење на финансиските средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 налагаат претходно склучување на договор на потенцијалните корисници со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и реализација на одобрената инвестиција согласно претходно договорените услови. Контрола на самото место и спроведувањето на надзорот над договорот извршуваат овластени лица од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и релевантни институции од Република Македонија за управување, спроведување и контрола на ИПАРД и Европска Унија.

Начинот и постапката за користење на финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2014-2020 се пропишани во Уредбата за начинот и постапката за користење на финансиска поддршка за мерки за рурален развој финансирани од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија.

Огласот ќе трае најмалку 45 дена од денот на објавување на Јавниот повик во дневните весници.

НАПОМЕНА: Потребната документација за подготовка и поднесување на барања, вклучително и Упатствата за корисниците на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 ќе бидат ажурирани и објавени на веб страната на Агенцијата во периодот до објавување на Јавниот повик.

Подетални информации во врска со типовите на инвестиции, критериумите за добивање на финансиска поддршка, висината на поддршката по мерки заинтресираните можат да ги добијат во Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.


Телефон: 02 3097-460

Факс: 02 3097-454
е-mail адреса: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk
www.pa.gov.mk


Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Сектор за управување со ИПАРД

Телефон: 02 3134-477 лок: 113, 114 и 115
е-mail адреса: info@ipard.gov.mk
www.ipard.gov.mk


Агенција за поттикнување на развој во земјоделството

Телефон: 047 228-330
Факс: 047 228-370
www.agencija.gov.mk секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.


Информации за изготвување и доставување на барања, како и практични совети за аплицирање, заинтересираните земјоделски производители можат бесплатно да добијат во регионалните центри на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството. (Контакт листа на регионални центри и надлежни лица е објавена на веб страните на надлежните институции).

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close