вестиСовети

Превентивни мерки за заштита на лозјето од ниските температури

Превентивните мерки се насочени на правилен избор на сортата и положбата за подигнување на лозјето. При изборот на сортата, главно правило е во подрачјата со честа појава на ниски температури, да се засадат сорти кои се вбројуваат во групата на отпорни и многу отпорни.

Како што објаснува дипломираниот инжинер за земјоделие Дејан Тониќ, мерките кои се преземаат за заштита на лозјето од ниските температури, се делат на две групи: превентивни и терапевтски. Превентивните мерки се насочени на правилен избор на сортата и положбата за подигнување на лозје, загрлување на лозјето. При изборот на сортата, главно правило е во подрачјата со честа појава на ниски температури, да се садат сорти кои се вбројуваат во отпорни и многу отпорни.

Лозјето засадете го на благо навален терен

За да се избегнат штетните последици кои настануваат под влијание на конфигурацијата на теренот, треба да се води сметка за тоа лозјето да се подигне на благо навален терен, каде ретко се јавуваат температурни екцеси и каде што не постои депресија. Доколку постои мала депресија, пред подигнувањето на насадот, треба да се надмине. Ако лозјето се подигнува на искршен терен, задолжително мора да се определи т.н мразна линија, која би требало да покаже на кое подрачје не треба да се подигне лозјето.

Загрлувањето направете го за време на есенските работи во лозјето

Во есен, во текот на редовните есенски длабоки обработки на земјиштето се врши и загрлување на лозјето. Загрлувањето на приземните делови на чокотот е задолжително, независно од потенцијалните можности за замрзнување. Кај ниските облици на чокот, загрлувањето треба да се направи, така што ќе се покријат најмалку три до пет окца на ластарите. Ако на ниските облици на чокот се применува мешовита резидба, со загрлувањето се покриваат ластарите кои напролет се користат за резидба, на лаковите. Кај чокотот со средно високо и високо стебло се загрлува приземниот дел на чокотот.

Загрлувањето следува веднаш после бербата

Загрлувањето може да се изврши механички, т.е со помош на плугови загрлувачи, после што се врши и рачна корекција. Се почнува после бербата и може да се направи до појавата на силните есенски мразеви. Од друга страна, одгрлувањето се врши напролет, откако земјиштето ќе се исцеди, ќе налегне и ќе се исуши. Тоа мора да се направи со плуг одгрлувач со помош на рачна корекција.

Откако опасноста од ниските температури ќе помине, се спроведуваат мерки кои се состојат од соодветна резидба, интензивна заштита и ѓубрење. Тоа треба да придонесе за обнова на вегетативниот и родниот потенцијал.

 

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close