fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Подготвивме мерки за поддршка на секој земјоделец, Ве повикувам максимално да ги искористите, порачува Николовски

“Ме радуваат информациите кои од терен ги добиваме дека интересот кај земјоделците за донесените мерки е голем, вели министерот.

Продолжува карванот со теренската кампања „Поддршка за секој земјоделец“. Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски беше во посета на Битола и околината.

“Преку оваа теренска кампања сакаме директно да ги запознаеме земјоделците со мерките кои се дел од донесениот Национален план за производство на храна, но и да слушнеме и видиме директно со нив како тече аплицирањето за секоја мерка. Нашата цел преку донесениот „Национален план за производство на храна“ е поддршка на земјоделците за да имаат помали трошоци за производство предизвикани како резултат од воената криза и зголемување на домашното производство на стратешки култури”, изјави министерот Николовски.

Преку донесените мерки од Интервентниот фонд земјоделците добиваат до 40% помош за набавка на вештачко ѓубриво, односно 4000 денари по хектар за пченка и пченица, како и 2.500 денари по хектар за сочоглед и јачмен. Со дополнителни скоро 100 евра од хектар ги мотивираме земјоделците да го зголемат приносот. Поддршка од 400 денари по хектар обезбедивме и за набавка на течни фолијарни ѓубрива за минимум употребени 6 литри течно ѓубриво по хектар за житни култури.”

“Ме радуваат информациите кои од терен ги добиваме дека интересот кај земјоделците за донесените мерки е голем. Тоа е резултат на заедничката соработка со земјоделците и подсекторската група за жито. Голема е заинтересираноста за јавниот повик кој го распишавме за доделување на 5.722 хектари земјоделско земјиште до 3 хектари за обработка на житни култури. Преку овој повик го зголемуваме домашното производство на стратешки култури, а со тоа ја намалуваме увозната зависност на државата”, посочи министерот Николовски.

 

Министерот Николовски посети и земјоделци во неколку села во Битола со цел лично да ги запознае со новите мерки, но и да ги слушне нивните сугестии.

Лазе Ацевски во село Бистрица заедно со своето семејство, повеќе од 30 години се занимаваат со земјоделство. Одгледуваат пченка, луцерка, јаболка и праска. Ацевски е корисник на ИПАРД мерките кои ги искористил за набавка на атомизер мучер, а откако дозна за новите мерки посочи дека се одлични и дека ќе бидат од голема помош за нив, особено сега,  кога земјата како и светот се соочуваат со економска криза, а како најатрактивна за него ја издвои мерката за житни култури. 

 

Министерот го посети и Пеце Анчевски од село Лажец кој заедно со сопругата, повеќе од 20 години, се занимаваат со одгледување на јачмен, пченица и пченка. 

Анчевски кој е корисник на ИПАРД програмата за приклучна механизација, а сега дека аплицирал на јавниот повик од програмата за поддршка за рурален развој.

 

Во моментов, активни се и пет јавни повици од Програмата за поддршка за рурален развој, преку која се обезбедува поддршка на земјоделците за набавка на силоси до 25 тони со мал капацитет за сопствена употреба, поддршка при изградба на мандри, набавка на опрема за производство на тутун, набавка на трактори и грант од 6000 евра за поддршка на жената во руралните средини.

 

Министерот Николовски оствари средба и со претставници на Здружението на одгледувачи на овци. И пред нив ги претстави новите мерки од Националниот план за производство на храна. Голем интерес сточарите пројавија за субвенции за набавка на мандри за преработка на млеко.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close