fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

До крајот на годината ќе има исплата и за регистрирани земјоделци, дополнителната државна помош од 20%

Бачовски најавува-Согласно законот за вршење на земјоделска дејност и законот за пензинско и инвалидско осигурување како дополнителна субвенција од 20% од висината на основните субвенции за  индивидуални земјоделци.

До крајот на годината ќе има исплата и за регистрираните земјоделци согласно законот за вршење на земјоделска дејност и законот за пензинско и инвалидско осигурување како дополнителна субвенција од 20% од висината на основните субвенции за  индивидуални земјоделци.

Оваа информација  за Зелена берза ја најавува директорот на Платежната агенција Никица Бачовски, отккао индивидуални земјоделци, сточари, поставија прашање до нашиот портал.

Последната исплата за оваа мерка беше во август годинава кога на сметките на 1925 земјоделци беа исплатени  58.9 милиони денари.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој извести дека денеска ја реализирала исплатата на дополнителната државна помош од 20% за носители на земјоделски стопанства кои се регистрирани вршители на земјоделска дејност согласно законот за вршење на земјоделска дејност или регистрирани како индивидуални земјоделци согласно законот за пензиското и инвалидското осигурување.

Дополнителната помош се доделува на земјоделски стопанства кои се корисници на директните плаќања и имаат пријавени соодветни површини и животни:

– од минимум 5 до максимум 50 ха пријавена површина со поледелски култури со задолжителна употреба на сертифициран семенски материјал
– од минимум 1 до максимум 5 ха пријавена површина со градинарски култури
– од минимум 1 до максимум 5 ха пријавена површина со овошни насади
– од минимум 1 до максимум 10 ха пријавена површина со лозови насади
– од минимум 10 до максимум 50 грла говеда
– од минимум 101 до максимум 500 грла овци
– од минимум 50 до максимум 150 грла кози
– од минимум 6 до максимум 50 грла-маторици
– од минимум 50 до максимум 100 пчелни семејства

А.Блажевска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close