Подигнат и осветен нов метален крст во селото Долно Српци
Најголема заслуга за подигнување на светиот крст има месното население и Црковниот одбор од селото, иницијатор Илче Дамевски. За крстот се одвоени средства од буџетот на Општина Могила. Крстот е изработен од ФОД Битола.
Селото Долно Српци, кое се наоѓа во околината на градот Битола, доби висок крст кој на 14 септември беше осветен присуство на Неговото Преосвештенство Епископот Велички Господин Никола и свештени лица кои се во служба на Преспанско-Пелагониската епархија.
Најголема заслуга за подигнување на светиот крст има месното население и Црковниот одбор од селото, иницијатор Илче Дамевски. За крстот се одвоени средства од буџетот на Општина Могила. Крстот е изработен од ФОД Битола.
Крстот е осветлен, а изградени се и пристапни патеки и осветлување на патот до христијанскиот симбол во ова село.
Името на селото се поврзува со неговата местоположба, односно теренот наликува на заоблен лак во вид на срп, поради што било наречено Долно Српци.
Текст и фото Гладијатор.мк