вести

Поднесени 309 барања за субвенции за предадена оризова арпа

Оризопроизводителите од кочанскиот производен регион поднесуваат барања до подрачната единица на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство во Кочани  за добивање субвенција по основ на предадена оризова арпа во текот на месец јули од реколтата во 2015 година.

podneseni 309 baranja za subvencii za predadena orizova arpa

 

Од  подрaчаната единица на Министерството  во Кочани истакнуваат дека до 11 август  се поднесени 309 апликации за добивање дополнителни субвенции за предадена оризова арпа кај откупувачите.

Оттаму истакнуваат дека голем број земјоделци  се инетересирале за поднесување апликации, при што од понеделник се очекува  поголема динамика во поднесувањето на барања за дополнителни субвенци, кога се очекува и Подрачната единица на Министерството во Кочани да работи и со продолжено работно време доколку има потреба од тоа.

Со  новата мерка земјоделците кои имаат пријавено земјиште до 2 хектари на кое одгледуваат оризова арпа ќе добијат 5 денари дополнителна субвенција за предаден килограм кај откупувачите. Земјоделците со земјиште од 2 до 10 хектари имаат право на субвенција од 4 денари за килограм, а производителите со пријавено земјиште над 10 хектари на кое одгледуваат ориз ќе добијат по три денари за килограм.

Одлуката арпата да биде предадена од 1 до 31 јули е со цел да се продадат количините останати од минатогодишната реколта. Оризопроизводителите по предавањето на залихите, со целата документација до крајот на август треба да се пријават во подрачната единица на Министерството за земјоделство и да аплицираат за добивање на дополнителни субвенции за откупена оризова арпа.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close