Предавање за органската храна

(Oвој напис е објавен на: February 27, 2017)

Во рамките на одбележувањето на „Зелената недела” на ЕУ во Гевгелија во организација на локалната самоуправа се одржа предавање на тема Органска храна-органско производство кое се совпаѓа со годинашнава порака на ЕУ инфо-мрежата за инвестирање позелена иднина.

predavanje za organskata hrana

 

Целта на предавањето беше да се промовираат настани за подобрување на условите и нови инвестиции во руралните средини во државата односно за генерално инвестирање во одржливиот развој на идните генерации.

– Органското или биолошкото производство е стариот традиционален начин со кој нашите предци произведувале. За органското производство мора да имаме благосостојба на сите живи организми кои ја населуваат планетата Земја за да произведеме храна во која нема пестициди и колку што е можно повеќе да се намали употребата на вештачки ѓубрива, нагласи во своето обраќање предавачот Крунислав Пешев, наставник по биологија.

Само на тој начин, додаде Пешев, може да добиете здраво еколошко производство и да ги заштитиме горните слоеви на почвата од негативни влијанија на штетни препарати.