fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Подрачните единици на МЗШВ во Битола ќе работат и во викенд

Со цел да им се излезе во пресрет на земјоделците да ги пријават навреме субвенциите за 2020 подрачните единици на МЗШВ Битола ќе работат и за време на викенд.

Ве известуваме дека во сабота и недела, Подрачните единици на МЗШВ во Битола како и дисперзираните канцеларии во општините Могила и Новаци  ќе работат.

Бидејќи рокот за пријавување трае само еден месец, заклучно со 31 јули 2020 година, со цел да им се излезе во пресрет на земјоделците и да имаме навремено пријавување на субвенциите, подрачните единици ќе работат и за викенд со работно време од 07:30 – 16:30 часот.

Сите оние кои апликациите за субвенции си ги поднесуваат од дома можат да се обратат за дополнителни информации  на телефонскиот број 047/ 237 – 419, соопштуваат од министерството.

Слични написи

Back to top button
Close