вестиТоп вести

Семињата на „Монсанто“ се далеку од македонските ниви

Македонското земјоделство нема да биде засегнато од спојувањето на германскиот фармацевтски гигант „Баер“ и американската ГМО-компанија „Монсанто“. Семенскиот материјал, ниту пак препаратите за хемиски третман на растенија на контроверзната компанија, која се поврзува со генетски модифицирани производи, нема да влезат на европскиот, ниту пак на македонскиот пазар, сметаат домашни експерти.

seminjata na monsanto se daleku od makedonskite nivi

 

Спојувањето на двете компании, преку една од најголемите зделки, барем во моментов, не ја менува позицијата на Македонија, ниту, пак, на Европската Унија кон ГМО. Генетскиот инженеринг одамна се користи во фармацијата и медицината, но експериментите со ГМО во земјоделството и производството на храна се тема која со децении ја бранува светската јавност. Од прифаќање и се’ помасовна примена во одредени делови во светот, меѓу кои и едни од најголемите производители на храна САД и Канада, до целосна забрана и игнорирање во земјите на ЕУ, ГМО е тема на која ја засегнува и стручната јавност , но и обичните луѓе.

„Македонија првенствено е мал пазар за да го заинтересира ’Монсанто’ за продажба на семиња“, смета професорката на Катедрата за генетика и селекција на Факултетот за земјоделство и храна, Соња Ивановска.

Културите, кои во светски рамки, најмногу се одгледуваат со генетски модифицирани семиња, воопшто и ги нема на македонските ниви. Пченката е застапена на многу мали површини, а потребите на пазарот најчесто се задоволуваат со увоз од Србија и регионот. Маслодајната и шеќерната репка и сојата, пак, воопшто и не се одгледуваат во Македонија.

„Во моментот нема промени во ставот на земјата кон ГМО. Генерално законските прописи за увоз на семенски материјали се толку строги и комплицирани, што невозможно е нешто што не е законско да се најде на пазарот“, вели Ивановска.

Monsanto-DuPont-Roundup-war

Строги се и контролите при увоз на хемиски препарати за третман на растенијата. Двете компании произведуваат пестициди и други средства, но начините за увоз и позитивните листи кои важат кај нас е приспособени на европските и засега не се менуваат. „Баер“ произведува семиња, како и хемикалии против коров и инсекти, но попозната е по своите фармацевтски производи, како на пример „аспиринот“. „Монсанто“, исто така, произведува хемикалии, но на светската јавност и’ е познат првенствено по своите генетски модифицирани семиња и истражувањата во таа насока. Оваа компанија, во најголем дел на северноамериканскиот пазар продава ГМО – семиња за пченка, соја, памук, пченица и шеќерна трска. Она што најмногу ги плаши граѓаните, е дали генетската модификација на храната може да се пренесе на консументот и на долги патеки да предизвика тешки заболувања. Туморите, алергиите, стерилноста се најчесто споменуваните опасности кои ги демнат идните генерации доколку ГМО-храната влезе во широката потрошувачка.

Со преземањето на „Монсанто“ „Баер“ станува најголемиот светски производител на пестициди и семенски материјал, и си обезбедува лидерска позиција во САД, Европа и Азија. Договорот е вреден 66 милијарди долари и е најголемото корпоративно преземање во последните две децении. Според купопродажниот договор „Баер“ треба да плати 128 долари по акција.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close