Подварок со чадено месо
Потребни состојки: 1 главица кисела зелка, 600-700 гр. свинска чадена плешка, 1 страк праз, 3 главици кромид, малку масло, 2 сечкани суви пиперки, малку ловоров лист, малку црвен пипер и малку бибер.
Постапка:
Киселата зелка се сече на покрупни парчиња и се остава да се исцеди.
Кромидот и празот се сечкаат поситно и се пропржуваат во тава со загреано масло.
Чаденото месо се сече на коцки и се пропржува заедно со кромидот и празот.
По неколку минути пропржување се додава киселата зелка и сите состојки се пропржуваат уште неколку минути.
Потоа се додава: сечкани суви пиперки, малку ловоров лист, малку бибер и малку црвен пипер.
Се додава вода и се остава да динста околу 1 час и 30 минути.
Потоа состојките се префрлаат во земјен сад и се печат во фурна околу 40 минути на 140 степени.
Извор: канал5