fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Николовски ги донираше дневниците од службените патувања во 2022

Праксата на Николовски да поддржува и помага е континуирана. Дневниците од 2021 година за службени патувања во странство ги додели во Општинската организација на Црвениот крст во Крива Паланка за новогодишни пакетчиња за дечињата од ранливи категории, за што по повод Денот на волонтерството – 5 Декември му беше врачен пехар на хуманоста за 2022 година.

Оспособување на инвалидска количка на лице со попреченост и помош и поддршка на маргинализирани лица од Крива Паланка и Ранковце ќе бидат овозможени благодарение на донацијата што министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, ја достави до здружението „Пинк сапорт”( Pink Support) од Општина Ранковце.
Николовски, традиционално ги донираше средствата од дневниците за службени патувања во странство од 2022 година, а изборот на ова здружение беше направен на настанот посветен на Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 Декември, организиран од „Countryside”, Ранковце и Европската куќа Крива Паланка.
– Токму на настанот по повод трети декември, посветен на лицата со попречености,  дадов збор дека оваа година дневниците од службените патувања во странство за цела 2022 година ќе ги донирам на здружението за маргинализирани лица „Пинк сапорт” од Ранковце. Зборот е збор, тие средства ги предадов на здружението, а дел ќе бидат наменети за да ја оспособиме количката на Делфина Стоилковска, лице со инвалидитет, дел за поддршка на лицата со инвалидитет од општините Ранковце и Крива Паланка, изјави Николовски.
Марија Дибиаџио, одговорна во здружението и во „Countryside Retreat” се заблагодари на поддршката, посочувајќи дека средствата ќе се распределат кадешто се најпотребно.
Праксата на Николовски да поддржува и помага е континуирана. Дневниците од 2021 година за службени патувања во странство ги додели во Општинската организација на Црвениот крст во Крива Паланка за новогодишни пакетчиња за дечињата од ранливи категории, за што по повод Денот на волонтерството – 5 Декември му беше врачен пехар на хуманоста за 2022 година.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close